Кои знаци покажуваат дека сте „жив оган“ во кревет? – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 9:52 PM

Кои знаци покажуваат дека сте „жив оган“ во кревет?

Понекогаш е тешко да се процени како се снаоѓаме во кревет со партнерот, но има неколку знаци кои покажуваат каде се наоѓате на скалата на „снаодливост“ во сексот.

Иако не е лесно да се согледате себе во една таква ситуација, а сите потајно се прашуваме дали сме „добри“ во сексот и дали доволно го привлекуваме својот партнер, еве го одговорот: Има шест знаци што покажуваат дека за вас во креветот нема тајни:

Имате самодоверба – Тоа значи дека веројатно ќе го оставите светлото запалено, ќе се појавите целосно голи пред партнерот или ќе облечете некоја секси долна болка, а со тоа ќе се чувствувате природно и спонтано во него.

Отворени сте за нови работи – Пробувањето нови пози во главно значи дека луѓето се добри во сексот. Тука се вбројува и предиграта, секако.

Ве паметат – Многу е едноставно! Ако со некој сексот бил одличен тоа секогаш ќе го паметите бидејќи одличен љубовник не е лесно да се заборави.

Го сакате сексот – Ако го сакате сексот и уживате во него, големи се шансите дека сте и добри во него.

Знаете што може да ве доведе до врвот – Личноста која е добра в кревет, никогаш нема да зависи само од партнерот. Да кажеме, една жена го истражува своето тело и знае како да дојде до врвот, може на то да го научи и скоро секој маж. Личноста која е сексуално проактивна не го пропушта работите на случајот.

Сакате да задоволите – Одличниот љубовник или љубовница секогаш повеќе ужива во пружењето отколку во добивањето, бидејќи сака да го надмине партнерот во меѓусебното задоволување.

 

Извор:     stil.kurir.rs