Пронајдена мини лабараторија и стебла канабис во Визбегово, приведени три лица – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 5:49 PM

Пронајдена мини лабараторија и стебла канабис во Визбегово, приведени три лица

Денеска околу 15 часот, по претходно добиени оперативни сознанија на Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје,во с.Визбегово, Скопје, извршени се претреси во дом и други простории на И. П. (38), при што во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло.

Тука се  затекнати  и други две лица од кои едното од нив П. В. (38), кој во моментот работел на  обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39). Потоа се извршени претреси во домот на Г.Ј., при што е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис.

Трите лица се приведени, се вели во соопштението од МВР.