Закон за тутун: Цигарите ќе поскапат за пет денари, а ќе станат и двојазични – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 5:22 PM

Закон за тутун: Цигарите ќе поскапат за пет денари, а ќе станат и двојазични

Поради промените кои ги наметнува новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, во наредниот период дел од брендовите на цигари ќе поскапат за пет денари. Имено, Законот кој стапи на сила во мај минатата година строго дефинира дека едно пакување може да содржи најмалку 20 цигари и не дозволува да се пуштаат во промет пакувања со 19 или помалку цигари.

Одредбата мора да се имплементира до крајот на ноември годинава. Оваа промена на производителите им наметна прилагодувања на производството и зголемување на вкупната акциза за пакување, со оглед на тоа што акцизата се плаќа по поединечна цигара.

Исто така, на амбалажата освен на македонски јазик, текстот ќе биде испишан и на албански, односно на писмото кое го употребуваат најмалку 20 отсто од населението.

Во иднина на цигарите нема да смее да пишува дека се лајт или слично. Членот 70 од Законот за тутун предвидува дека не е дозволено на кутијата да се содржат термини кои ќе упатуваат на тоа дека производот е на пример, помалку штетен од другите.
Nezavisen vesnik