Ивановска: Работењето на случаевите за непотизам покажуваат дека законската регулатива е прилично ранлива – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 3:46 PM

Ивановска: Работењето на случаевите за непотизам покажуваат дека законската регулатива е прилично ранлива

Речиси 19 закони од областа на вработување во државата преставуваат системски слабости за борба против непотизмот се вели во последната анализа на Транспренси Интернешнл – Македонија „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, во изјава пред новинарите рече дека прашањата поврзани со непозитам предизвика отварање на бројни предмети за работа во ДКСК, односно од 66 предмети за непотизам кој ги работеле се произлезени многу точки кој покажуват дека законската регулатива е прилично ранлива.

„За лицата кој што се вработуваат по Законот за работни односи, не се утврдени критериуми за евалуација на личните и стручните квалификаци на кандидатите. Комисиите за селекција и избор на кандидати немат пракса да подготвуваат ранг листа, туки истите доставуват список на кандидати кој ги исполнуват условите, а тоа најчесто се сите оние кој што се пријавени. Интервјуто како завршна фаза во процесот на вработување најчесто се користи како основна алатка за избор на т.н подобни кандидати“, рече Николовска.
Во понатамошно излегање таа додаде дека анализата на проектот покажа дека честа е појавата одговорното лице да ги злоупотреби дискреционите овластувања, не водејќи притоа сметка за сите факти и околности за дадените случаи ниту за начелата законитост и справедливост.
„ Честа форма на вработување во органите на државна управа е временото вработување преку Законот за агенци за времени вработувања, без притоа да се води грижа дали лицата кој се ангажират дали ги поседуват бараните квалификаци, искуства и вештини. Причините за ваквиот начин на однесување на одговорните лица може да се детектира во постоење на политичко влијание, партиска припадност, отсуство на интегритет како личен, така и иституционален, недоволна транспарентност во постапките за вработување“, наведе Николовска.