Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово деновиве значително ги интензивираше активностите за контрола на возилата кои вршат јавен превоз, автобуси и комбиња, пред се како и колку тие ја почитуваат владината Уредба за задолжително носење на заштита на лицата и протоколите за работа, односно колку патници превезуваат и дали се придржуваат на максимално дозволениот број патници.
Вчера во овие активности биле откриени и законски санкционирани вкупно 48 лица кои се однесувале спротивно на споменатата Уредба, на кои им се изготвени соодветни поднесоци, а кои претежно се превезувале во такси-комбиња.
Активностите со несмалена динамика ќе продолжат и наредните денови и нема да се толерираат никви пропусти и недостатоци на овој план, а покрај физичките ќе се санкционираат и правните лица и возилата ќе бидат исклучувани од сообраќај.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (23.09./24.09.) за неносење заштитни маски на вкупно 93 лицa (ТЕ-74 и ГВ-19) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 15 лица (TE) и 7 лицa (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-318 и ГВ-131 лицe со вакви решенија и при тоа не било утврдено непочитување на решенијата.