Лига Купот, особено во овој ран период од сезоната, секогаш бил прилика за рушење рекорди, деби настапи од соништата, адаптирање на новата лига на аквизициите кои доаѓаат од други тимови и земји.
Традицијата си остана традиција и на вчерашните натпревари, откако во победата на Челзи над Барнсли со 6:0, најскапиот фудбалер на Челзи летово, Каи Хаверц, постигна совршен хет-трик и еднаш асистираше.
Гостите навистина пружија добра борба, иако резултатот не соодвествуваше со играта. Но деветте одбрани на Вили Кабалеро укажуваат на тоа дека екипата од Чемпиошип се покажаа во добро светло на „Стемфорд Бриџ“.
Резултатот за „сините“ го отвори Тами Абрахам во 19-тата минута. Десет минути подоцна младиот англиски репрезентативец манифестираше одличен сенс при додавањето до Каи Хаверц, кој излезе во зицер ситуација со голманот на Барнсли и го дуплираше водството.
https://www.youtube.com/watch?v=4FfBsOAH778
Во вториот дел, Рос Баркли во 49-тата минута му донесе водство на Лампард од 3:0, додека пак Хаверц повторно по додавањето на Абрахам реализираше за 4:0. Пред да ја напушти играта, Германецот топката во празно ја искористи одлично, протнувајќи ја низ нозете на Колинс и постигнувајќи го својот трет погодок на мечот.
Покрај ветеранот Тиаго Силва, вчеравечер во куп мечот дебитираше за Челзи и поранешниот лев бек на Лестер, Бен Чилвел. Во 83-тата минута Чилвел прецизно го пронајде Жиру во шеснаесетникот и го постави конечниот резултат.
Во другите двобои, Фулам беше подобар од Шефилд со 2:0, Барнли со головите на Браунхил и Видра го совлада Милвол на гостински терен, Брајтон беше подобар од Престон исто така на гости со идентичниот резултат. Гостите генерално беа доминантни изминатата вечер, а трендот на гостински победи го продолжи и Евертон, победувајќи го Флитвуд со 2:4. Во дербито Арсенал го совлада Лестер 0:2 и Њукасл броеше до седум на гостувањето кај Морекамб.
Џоелинтон двапати стрелаше, Мигел Алмирон, Марфи, Хајден и Ласелс се запишаа во листата на стрелците. Сол на раната за домаќините од понизок ранг беше автоголот на Лавел пред последниот свиреж на судијата.
Денес на програмата во Карабао Купот се три дуели, Бристол Сити ја дочекува Астон Вила, Линколн го дочекува Ливерпул, а Манчестер Сити на „Етихад“ ќе се се судри со новиот второлигаш, Борнмут.