Главната протаготистка од документарниот филм „Медена земја“, денеска беше гостинка на отворањето на настанот „Денови на македонскиот мед“ , каде Атиџе во моментот, кога пред јавноста се обраќал министерот за земјоделство Аријанит Хоа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изгубила свест и паднала, при што веднаш била повикана Брза Помош.
По овој немил настан ја контактиравме Атиџе да ја прашаме како се чувствува. Таа за ММС.МК потврди дека сега е добро и дека гладот си го направил своето.
„Не почувстував ништо претходно. Да почувстував ќе се придржев за нешто. Но, така, од нигде никаде ми се слоши, паднав и со главата малку се удрив. Немам никакви здравствени проблеми, освен што слабо јадев, затоа што немав апетит бидејќи многу се нервирав, рече Атиџе за ММС.МК и додаде:
– Им благодарам на сите што ми помогнаа на лекарите, на министерот. Дојдоа лекари, ме прегледаа, немав проблеми со притисокот, немав проблеми со шекерот, освен што бев гладна. Сега е се’ во ред. Добро се чувствувам. Кај пријател сум на гости, јадев, пиев вода и добра сум“, рече Атиџе за ММС.МК.