Тетовската полиција приведе пет лица осомничени за оруженото разбојништво на 9 август, кога од стан во градот со закана со оружје одзеле пари, телефон и златен накит од 47-годишна жена и нејзината малолетна ќерка кои биле дома во моментот. Петмината се приведени вчера, во периодот од 11 до 14 часот и 20 минути.
„Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода: И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) и 17-годишник, сите од Тетово поради основи на сомнение дека на 9 август годинава во 21 часот и 30 минути извршиле разбојништво во стан на улица „Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината малолетна ќерка. Вчера, исто така, од 16 часот и 50 минути до 19 часот и 20 минути, со судска наредба, бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, 2 боеви и 3 куршуми за гасен пиштол и 2 метални пендреци“, информираат од СВР Тетово.
Петмината осомничени задржани се во полициската станица Тетово и во текот на денот со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.