Почнуваат активностите за изградба на експресен пат Струмица-Валандово – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 11:40 AM

Почнуваат активностите за изградба на експресен пат Струмица-Валандово

Со организирање на јавна расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оценка на животна средина за изградба на експресниот пат Струмица-Валандово, спој со автопатот „Пријателство“ (А1), која ќе се одржи утре во Домот на АРМ во Струмица, почнуваат активностите за изградба на овој патен правец во должина од 25 километри.

Јавното претпријатие за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.

Вкупната должина на предвидената траса изнесува околу 25 километри, поделена на четири делници, од кои првата почнува од излез на Струмица до пред село Костурино, каде е предвидена реконструкција и рехабилитација на постојниот пат.

Планирано е патот да поминува по сегашната делница, но ќе се градат и многу нови делови се до спојот со автопатот „Пријателство“.

миа