Во Општина Кратово денеска ќе се одржи велоспиедско возење по повод одбележување на Европската недела на мобилност и поддршка на аллтернативниет начини на возење.
-Во 12 часот на плоштадот „Маршал Тито” ги очекуваме сите љубители на велосипедизам, од каде официјално ќе отпочне возењето во градот, заедно со полициски службеници. Настанот има за цел промоција на користење алтернативни форми на мобилност, пешачење и велосипедизам, со што ќе се придонесе кон промоција и на здрави животни навики, чиста животна средина и по безбеден сообраќај, информираат од општина Кратово.
Настанот е дел од кампањата за одбележување на Европската недела на мобилност 2020, која се реализира под мотото „Иднината на одржливата мобилност е во твои раце- вози велосипед”.
-Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предивидува велосипедистите кои учествуваат во сообраќајот да носат заштитен шлем, односно кацига, но законот пак не предвидува никаква санкција доколку велосипедистот не користи заштитен шлем односно кацига. Одлуката дали ќе користи кацига или не, ја носи самиот велосипедист. Вакви информации и практични совети зошто е добро велосипедистите да носат соодветна опрема, пред се заштитна кацига и како правилно истата да ја користат денес ќе им бидат пренесени на децатата и велосипедистите, учесници во одбележување на Европската недела на моболност 2020 Кратово, посочуваат од општината.