Со песна, како што долкува „Синтезис“ да прослави 25 годишен јубилеј – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 9:00 AM

Со песна, како што долкува „Синтезис“ да прослави 25 годишен јубилеј

На новото нормално се навикнаа сите, па и музичарите чиј квалитет зависи од аплаузот на публиката. Колку тој е поголем, толку тие се подобри. А дека може и вака покажа „Синтезис“, кои вчера вечерта пред платото на МОБ или на плоштадот „Мајка Тереза“ прославија 25 години од своето постоење.

По протокол, малку публика во заграденото, уште толку однадвор, со маски, мерење температура се уживаше во нашиот богат фолклор кој тие го негуваат две и пол децении.  Во паузата од нумерите се редеа аплаузите, какви што тие заслужуваат. Се редеа „Думардија“, „Мори моме“, „Каљо“, „Поступано“,  „Јано Јановице“, „Мома Катерина“, „Ори Анче“…

А нанајдобрите им личат само најдобрите. Затоа и не е чудно што гости им беа бисерното грло Наум Петрески и виртуозот Влатко Стефановски.

Заедно со „Синтезис“ Наум ги отпеа „Стар бел дедо“ и „Ој девојче“, што своевремено тие ја испејаа со Тоше Проески.

Влатко,пак,  уживање беше да се слушнат „Филка мома“ и „Садила Јана стар бел босилок“.

Публиката, иако во ограничн број, уживаше во убавината на „Синтезис“. Затоа и траат 25  години. А затоа и ќе траат уште многу, додекасе сака македонската песна. За навек…

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски