Љубовта е најубавото, највозвишеното и најплеменитото чувство на светот, а кога е вистинска може да ги победи сите препреки. Сепак, постојат луѓе кои се зависни од љубовта, а тоа е всушност една од најтешките зависности бидејќи може да биде болна и опасна. Зависниците од љубов постојано се преиспитуваат себеси, во својот ум прават анализи во врска со тоа дали постапиле како што треба и дали на партнерот му го каже она што навистина би сакал да го слушне. Константно и секогаш паѓаат во очај, а тоа не води никаде. Освен тоа, секојдневно се борат со турбулентни чувства кои прво ги креваат до небо, а потоа ги спуштаат на дното.
Ако секогаш ви треба потврда дека сте сакани и имате чувство како светот да ви се руши време е да се свртите кон промените – вели антропологот, Хелен Фишер.
За да ја почувствуваат љубовта без која според нив, животот е бесмислен, тие се подготвени на сите можни компромиси, а тоа им ја руши самодовербата. Ако се чувствувате прекрасно и исполнето само тогаш кога чувствувате дека сте сакани, а депресивно и разочарано кога партнерот не ви посветува довлно внимание, тогаш сте паднале во замката на зависноста. Не дозволувајте вашето задоволство да зависи од партнерот туку пронајдете траен извор на љубов во себе. На овој начин многу повеќе ќе уживате во давањето љубов, а не само во примањето. Тоа е најважниот чекор во борбата против зависноста од другите.
Не мора партнерот да биде единствениот извор на љубов
Преземете одговорност за своите чувствува, особено кога се работи за сопствените вредности. Научете да се сакате, и да се почитувате себе. Вашата самодоверба не смее да зависи од љубовта на партнерот, имајте на ум дека љубовта е во вас и насекаде околу вас.
Симптоми дека сте зависни од врската:
Дали себеси се почитувате вистински само тогаш кога чувствувате дека сте искрено и силно сакани?
Дали мислите дека не сте доволно добри штом ви недостига љубов и внимание?
Сметате ли дека само другите може да ве усреќат?
Мислите дека партнерот е себичен ако се однесува така како што сака, а не онака како што вие сакате?
Извор: stil.kurir.rs