Несомнено секоја жена сака нејзините стопала да изгледаат негувано. Тоа значи дека кожата мора да биде хидрирана и мека, но пред сѐ треба да се ослободи од мртвите клетки од површинскиот слој на кожата, особено на петите, бидејќи таа кожа е склона кон задебелување. А кога сме веќе кај стопалата, пилингот е дефинитивно нешто незаменливо. Она што исто така може да му додаде „магија“ на ритуалот за нега на стопалата е содата бикарбона.
Како да направите пилинг за стопалата со сода бикарбона за да имате мазна и нежна кожа?
Постои лесен начин да направите пилинг во домашни услови и тоа особено ефикасен кај сувите пети, бидејќи со него ќе си овозможите хидратација.
Содата има антисептички својства. Во овој случај треба да ја промешате со вода.
Сѐ што ви е потребно се пет супени лажици сода бикарбона и три литри вода. Загрејте ја водата и кога ќе биде врела ставете ја во сад, во кој ќе ја додадете содата. Промешајте ја оваа смеса, а потоа истурете ја во леген во кој ќе ги ставите стопалата. Оставете ги дваесет минути. По ова, земете камен за пети или турпија која ќе ја намокрите, а потоа ставете врз неа малку сода бикарбона и и почнете со третирање на проблематичните делови. По ваквиот третман намачкајте хидратантна крема. Најдобро е ова да го правите навечер пред спиење.
Слободно практикувајте го ова секојдневно во рок од седум дена, а потоа паузирајте една недела.
Извор: stil.kurir.rs