Кои чекори водат кон подобар интимен однос? – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/20 9:47 PM

Кои чекори водат кон подобар интимен однос?

За да изградите сексуална самодоверба потребно е искуство. Во тоа може да ви помогнат неколку чекори поради кои ќе се чувствувате потполно задовол(е)но.

Бидете кралица на сопственото задоволство

Познато е дека жените што почесто се самозадоволуваат имаат поголема самодоверба кога водат љубов и во тој интимен чин наоѓаат повеќе задоволство бидејќи знаат како да го постигнат врвот. Ако тоа се’ уште не сте го направиле, секако одвојте време за да ги откриете сопствените ерогени зони, како и интензитетот на допирот што највеќе ви одговара – советува сексологот Емли Морс.

Научете да го гледате своето тело како сексапилно

За сексуална самодоверба важна е љубовта кон сопственото тело, што значи дека самите себе треба да се доживувате како сексуално битие. За да ја постигнете оваа цел, важно е да вежбате. Облечете предизвикувачка облека од свила, високи потпетици или некој друг додаток што може да ве направи попосакувана личност, а потоа застанете пред огледало.

Три магични зборови

Никој не може да ви ги прочита мислите,  па ако сакате нешто, мора да го побарате. Ова правилно особено важи кога се работи за креветот. Ако партнерот во текот на сексуалниот однос прави нешто што не ви се допаѓа, кажете му го тоа. Уживајте во моментот и не заборавјте да ги изговорите овие зборови: „Да се обидеме вака“ – заклучува д-р Морс.

 

Извор:       krstarica.com