Времето денеска: Облачно и потопло, попладне со пороен дожд – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/18 6:35 AM

Времето денеска: Облачно и потопло, попладне со пороен дожд

Променливо облачно и потопло со долги сончеви периоди не’ очекува денеска во Македонија. УХМР најавува локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има услови за врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од недела ќе биде претежно сончево и топло, во попладневните часови со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.