Германскиот централен дефанзивец во редовите на Челзи, Антонио Рудигер, на излезни врати е од клубот од западен Лондон.
Во мечот против Ливерпул во Премиер Лигата, Рудигер не беше дел од изборот на Лампард, а според англиските медиуми и вечерва во Лига Купот против Барнсли, поранешниот фудбалер на Штутгарт и Рома нема да се најде на поширокиот список.
Рудигер минатата година, покрај останатите дефанзивци, немаше добра сезона во Челзи, а по доаѓањето на Тиаго Силва и заздравувањето на Фикајо Томори, Германецот се очекува да биде трета или четврта опција во клубот.
Гласините од Англија одат дотаму и велат дека Рудигер во изминатите неколку недели не се однесувал соодветно во тренинг центарот на Челзи, дури и влегол во физичка пресметка со некој од соиграчите. Таквото однесување го премислило стручниот штаб на Челзи и поради тоа Рудигер во моментот се наоѓа на трансфер листата.
Заинтересирани за неговите услуги се миланските екипи, Милан и Интер, Наполи на Гатузо и ПСЖ.