Во болница сум, примам терапија – Љубе Бошковски поради компликации од корона заврши на Инфективна – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/20 1:38 PM

Во болница сум, примам терапија – Љубе Бошковски поради компликации од корона заврши на Инфективна

 

Пред само една недела кажа дека е заразен со корона вирус и дека има само еден симптом, не чувствува мирис, за веќе од вчера медиумите информираат дека лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски е во болница. На шпекулациите крај им стави самиот тој со објава на неговата Фејсбук страна, на која, како што вели:

-Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена.  Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично.  Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене, напиша Бошковски.

https://www.facebook.com/ljubeboshkoski/posts/3435356183177959

Тој минатата недела за ММС откри дека е заразен о корона, но и дека се чувствува добро, освен што го изгубил чувството за мирис.

-Короната ја добив од близок пријател, а во овааа ситуација веќе не е ни важно од кој. И не знав, но бидејќи требаше да се вратам во Хрватска, сакав да се тестирам и заради себе а најмногу заради внучето Филип. Самоиницијативно заминав да се тестирам. Тестот покажа дека сум позитивен. Немам температира, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран,  на блиските во Челопек, кои ми носат храна, им реков да ми купат пиперки и патлиџан, барем да направам зимница. Овие денови направив околу 40 тегли ајвар, вчера испеков пиперки за лутеница и до вечер ќе биде готова.  Нема потреба од паника, нели на 100 степени умираат бактериите, значи стерилизирано е. Морам со нешто да се занимавам инаку досадно е.  Самотијата утепува. „100 години самотија “ од Маркес.  Не сакам да цртам, бидејќи цртањето ќе ме потсети на затвор, изјави минатата недела во свој стил Бошковски.