СДСМ на прес-конференција реагираше за именувањето на Драган Ковачки во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив со овој чин Мицкоски спроведува милитаризација за да ја задржи фотелјата во Белиот дворец.
– Внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан.Дополнително, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет.Нема и не смее да има место за политика во Армијата.Припадниците на Армијата се на сите граѓани, треба да ја штитат државата и граѓаните, и во демократски општества нивното место не е во партиите.Како по примерот на некои земји од Латинска Америка, воени лица парадираат во белиот дворец на партиски позиции.Освен во режими во Латинска Америка и Африка, ваквите појави не постојат во ниту една западно-демократска партија, рече Костадинов на денешната прес-конференција.
Ковачки пак на својот фејсбук профил, реагира дека неговата професионална определба е неважна, а СДСМ нема право да го напаѓа во име на Министерството за одбрана, бидејќи тоа е на граѓаните а не нивно.
– Сите граѓани пред законите се еднакви и сите имаат еднакви права. Гледам дека СДСМ и Министерството за одбрана тоа не го разбираат, а плурализмот, демократијата и еднаквоста пред законите се флоскули за дневна употреба, а не суштина на општественото живеење. Но, има време, ќе се демократизираме, ќе научат. Кој тоа ви дозволи да ми се обраќате и да ме напаѓате во име на Министерството за одбрана?Тоа министерство е на народот, наше е, не е на СДСМ.За споредба, јас во тоа министерство 21 година активно давам и оставам се’ што имам, а никаде не се повикувам на него, а вие што 4 години го разнебитувате се дрзнувате да ме напаѓате на лична основа.Јас од ова би се срамел, не знам за вас, напиша Ковачки.
https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/182941363329996