Двајца Палестинци загинале, а над 400 се повредени откако израелската армија отвориla оган и употребиla солзавец за да ги растера демонстрантите долж границата со Појасот Газа.
Според Министерството за здравство во Газа, меѓу загинатите е и 14-годишно момче, додека меѓу повредените 133 имаат рани од огнено оружје.
Тинејџерот бил застрелан во глава, додека 24-годишниот маж имал смртоносна рана во стомакот. Според болнички извори, уште четворица кои се здобиле со рани од автоматско оружје се во тешка здравстена состојба.
Израелската војска за сега не ги коментира денешните протести во Појасот Газа.