Градот Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019 година – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/20 12:04 PM

Градот Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019 година

Град Скопје почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година, во согласност со одредбите за присилна наплата и обврските што произлегуваат од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004….23/2016).

– Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници, соопштуваат од прес-службата на Градот Скопје.

Информираат дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови треба да ги подмират своите обврски.

Оттаму напоменуваат дека доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.