Премиерот Заев не одговри дали ќе побараат од Бугарија да се повлече меморандумот – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/20 10:59 AM

Премиерот Заев не одговри дали ќе побараат од Бугарија да се повлече меморандумот

Не сум во позиција да зборувам за внатрешните дискусии во Советот кои се случуваат околу ова прашање – вака одговори новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир, на денешната прес-конференција со премиерот, на прашање дали други земји освен Бугарија имаат забелешки на нацрт преговарачката рамка на Европската комисија.

Според евроамбасадорот, нацрт преговарачката рамка била дискутирана од земјите членки и треба да се усвои, како што рече што поскоро, на првата меѓувладина конференција.

Со оглед на тоа што во моментов Германија претседава со Европската Унија, од таму се надеваат дека оваа конференцијата ќе се одржи кон крајот на оваа година.

Eвроамбасадорот Гир сепак потенцираше дека треба да се продолжат реформските процеси за конечно пристапување кон унијата.

Премиерот Заев пак, не одговори дали ќе побараат од Бугарија да се повлече од меморандумот, туку кажа дека очекува до 10 ноември да се сретне со премиерот на Бугарија, Борисов.