Реченици, фрази и техники…Со што се’ манипулираат нарцисоидните луѓе? – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 8:45 PM

Реченици, фрази и техники…Со што се’ манипулираат нарцисоидните луѓе?

Се чувствувате како да има магла над вашите мисли? Не знаете дали повеќе да му верувате на сопствениот ум? Имате чувство дека не сте доволно добри? Сето ова е негово „масло“. Ви се чини како во некои моменти да губите допир со реалноста и ги преиспитувате работите во кои до вчера цврсто сте верувале? Да, така најчесто се чувствуваат жртвите на манипулативните личности.

Ако одговоривте потврдно на минимум едно од овие прашања, има шанси дека сте во врска со нарцисоидна личност која прави да се чувствувате на опишаниот начин.

Се’ што ќе направите или кажете, никогаш нема да биде доволно добро и ќе имате чувство дека тонете се’ подлабоко. Ако секој ден сте на работ на нервен слом и се’ повеќе се сомневате во тоа дали врската води кoн нешто добро, следните редови се наменети токму за вас.

Насцисоидната личност ќе ги искористи сите расположиви средства за да ве турне во безда. Моментот кога ќе ја изгубите самодовербата и кога ќе поверувате дека не сте достојни за љубовта на нарцисоидната личност, е всушност остварување на нејзината цел. Она со што таа се служи се болни и многу директни зборови поради кои ќе мислите дека сте виновни за нешто и ќе барате да ви биде простено макар и да немате направено ништо погрешно.

Кога ќе се обидете да го искажете својот став во врска со некој, „нарцисот“ автоматски ќе извлече како ас во ракав некоја реченица со која ќе ве прекине во настојувањето да кажете што било. При тоа, ќе тврди дека вие не сте дале дозвола за да биде кажана неговата мисла. Неговата цел е да направи да се чувствувате лошо, а тоа нема да го постигне ако ви дозволи да се браните.

Ако се обидете да го наведете да сфати дека и вие имате свои права, желби и граници, тоа нема да го прифати лесно. Ќе направи да чувствувате вина поради вашето настојување работите да се движат во правец кој нему не му се допаѓа. Неговата цел е да ве направи емоционално кревки.

Ако сепак добиете извинување, знајте дека воопшто не му е жал поради направеното. Тој впрочем ви дава лажна надеж дека се кае. Сепак, со ова сака да се чувствувате лошо бидејќи воопшто сте го навеле да се извини.

Нарцисоидните луѓе се експерти за проектирање вина на луѓето со кои се во врска. Нивното омилено средство е предизвикувањето чувство на вина кај личноста на која и нанеле болка, бидејќи така се оградуваат од она што го направиле. „Нарцисот“ ќе тврди дека не му е посветено внимание и слично.

Кога и да му се покаже прилика, „нарцисот“ ќе истакне дека вие го влечете минатото за себе и сите грешки во неа. Зошто? Затоа што овие луѓе не се добри во решавање проблеми.

 

Извор: zenskimagazin.rs