Барањата за азил во ЕУ поради Ковид-19 паднаа за 69 отсто – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 6:20 PM

Барањата за азил во ЕУ поради Ковид-19 паднаа за 69 отсто

Бројот на барањата за азил во Европската Унија (ЕУ) падна за 69 отсто, на 46.500, во втората половина од 2020, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Наглиот пад на барањата за азил е поради мерките за ограничување како последица на Ковид-19, воведени од страна на земјите членки од март, па наваму“, соопшти Евростат.

Во периодот меѓу април и јуни, повеќето први барања биле поднесени од Сиријци (7.700), Авганистанци (4.200) и од Венецуелци (3.000).

„Граѓаните на овие земји сочинуваа речиси една третина (32 отсто) од сите баратели на азил кои за прв пат аплицирале во вториот квартал на 2020 година“, соопшти Заводот за статистика на ЕУ.

Најголем број лица кои за прв пат поднеле барање за азил во истиот период се од Германија (14.200), Франција (8.900) и Шпанија (7.200).

„На крајот од јуни оваа година, 841.600 барања за азил во земјите членки на ЕУ беа разгледувани од националните власти, што претставува пад од 9 отсто во споредба со јуни 2019 година и март 2020 година“, соопшти Евростат.

Бројките исто така беа намалени за 68 отсто на годишно ниво.

Минатата година ЕУ прифати 297.055 барања за азил. Дури 612.695 лица се пријавиле од 152 земји, од кои 74.400 од Сирија, 52.500 Авганистанци и 44.800 Венецуелци.

Турција е домаќин на околу 3,9 милиони бегалци и баратели на азил, од кои 3,6 милиони се Сиријци.