ОФИЦИЈАЛНО: Лајпциг ја пронајде замената за Тимо Вернер – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 5:59 PM

ОФИЦИЈАЛНО: Лајпциг ја пронајде замената за Тимо Вернер

Норвешкиот репрезентативен напаѓач, Александар Сорлот е новиот фудбалер на германски Лајпциг.

Дваесет и четиригодишниот шпиц потпиша петгодишен договор со ланските четвртфиналисти во Лигата на Шампионите и на грбот ќе го носи бројот 19. Сорлот по малку и изненадувачки се најде на мета на многу европски клубови летово, со оглед на тоа дека Норвежанецот имаше неуспешна епизода во екипата на Кристал Палас на највисоко можно ниво.

Но, одличната сезона во турски Трабзонспорт, ги премисли тренерите во топ пет лигите во Европа околу неговите квалитети. Во турската лига Сорлот постигна 33 голови и забележа 11 асистенции. За услугите на Сорлот покрај Лајпциг, беше заинтересиран и Тотенхем.

-Ние сме пресреќни поради ова засилување. Успешно ја изведовме оваа комплексна операција и би сакал да им се заблагодарам на сите инволвирани. Не само што Александар совршено се вклопува во нашите планови и филозофија, туку тој самиот по себе е одличен и цврст напаѓач кој може да игра и по страна , изјави спортскиот директор на тимот од источна Германија, Оливер Минцлаф.

Сорлот кариерата ја започнува во Росенборг, а за првпат се појавува помеѓу европскиот крем во 2017 година во дресот на Гронинген.