Познат пејач измамил жена од Мелбурн за 400.000 долари- Кривична пријава против фолкерот Халид Муслимовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 5:54 PM

Познат пејач измамил жена од Мелбурн за 400.000 долари- Кривична пријава против фолкерот Халид Муслимовиќ

Инспекторите на Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА) вчера до Обвинителството на БиХ поднеле кривична пријава против пејачот Халид Муслимовиќ, пишува Глас Српске.

Оваа информација ја потврдиле и наведените агенции.

– Извештајот за починето крвичнo дело против Х. М. беше поднесено на 21 септември. Оштетено е лице од Австралија на начин што било доведено во заблуда и дека повеќе пати на осомничениот  Х.М.преку трансвер или во кеш на своја штета, на осомничениот му предало најмалку 209.273 марки. Осомничениот Х.М. се терети дека со цел прикривање извор  и овозможување на понатамошно користење , парите sи ги подигал во готовина , знаејки дека се стекнати на незаконски начин , односно со сторено кривично дело измама – наведува Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА).

Според Глас, била оштетена Соња Башиќ од Мелбурн, бидејќи претходно таа тврдеше дека Муслимовиќ ја оштетил за околу 400 000 американски долари, поради што на пејачот му се суди во Бања Лука.

Откако Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА) поднесе кривична пријава до Обвинителството на БиХ против пејачот Халид Муслимовиќ, тој во изјава за Аваз рече:

– Тоа е глупаво.  Познато е кој го прави тоа. И тој адвокат, кој го прави тоа, блефира – рече Муслимовиќ во првата реакција за еден медиум.

Фото: telegraf.rs