Како сведок на денешното рочиште на судскиот процес „Таргет-Тврдина“ се појави и новинарот Младен Чадиковски.
Тој изјави дека на прес конференција на тогашната опозиција СДСМ во 2015 година добил папка со транскрипти од разговори што тој ги имал со пријатели и колеги, на новинарски теми. Тоа биле транскрипти на разговори водени во периодот додека тој бил вработен во А1 телевизија и неделникот Фокус.
„Тогаш не можев да тврдам, но се сомневав дека сум прислушуван. Се чувстувам оштетен, и ќе барам оштетно побарување, но за сумата подоцна ќе се произнесам“, рече Чадиковски.