Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата завршува вечер на полноќ, информира денеска Град Скопје.
Градските власти соопштија дека наредните денови ќе ги обработуваат пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде на време информирана.
Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 4.060 пријави.
Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1.1.2020 година, до завршување на повикот на 30 ноември годинава или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните може да аплицираат онлајн.
Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.
Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020 .