Дамјан Манчевски поднесе оставка како пратеник, за идните планови ќе каже следните денови – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 11:17 AM

Дамјан Манчевски поднесе оставка како пратеник, за идните планови ќе каже следните денови

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој беше избран за пратеник на последните избори денес поднесе оставка до претседателот на Собранието на таа функција. Талат Џафери на почетокот на денешната седница на Собранието соопшти дека дека Манчевски поднесува оставка и дека согласно деловничката можност тој нема да ја образложува. ДИК сега треба да го информира Собранието кој е следниот на листата што треба да го пополни неговото место.

Името на Дамјан Манчевски по изборите се споменуваше како сериозен кандидат за функцијата генерален секретар на Владата, каде сега е Драги Рашковски. Манчевски ниту ги демантираше ниту ги потврди тие информации.

На прашање од Канал 77 за неговите идни планови  Манчевски рече дека следните денови ќе ги објави плановите за својот следен ангажман..