Одложено судењето на браќата Усеини – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 10:00 AM

Одложено судењето на браќата Усеини

Само што седна на обвинителната клупа, советникот на ДУИ во Охридскиот совет и бизнисмен Нефи Усеиниси, замина од судот.

По речиси десет минути од почетокот на првото судско рочиште во Охридскиот основен суд , истото е одложено затоа што на првиот ден од судењето  не беше присутен братот на Нефи, Ибраим Усеини поради здравствени причини и потребата од здравствени прегледи во кардиолошкиот центар.

Сведокот Спирко Топалковски исто така не беше присутен на првото рочиште од како што беше кажано семејни причини.

Обвинението ги товари браќата Усеини само за кривично дело „насилство“, иако во случајот се водеше истрага и за недозволено поседување оружје.

Обвинетите се сомничат дека на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, извршиле грубо насилство врз охриѓанецот Спирко Топалоски.

Браќата Усеини се бранат од слобода со гаранција во вредност од 850.000 евра.

Обвинението ги товари браќата Усеини само за кривично дело „насилство“, иако во случајот се водеше истрага и за недозволено поседување оружје.

Обвинетите се сомничат дека на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, извршиле грубо насилство врз охриѓанецот Спирко Топалоски.

Следното рочичиште е закажано за 26 септември.