Во манастирите на Света Гора потврдени се најмалку 10 случаеви на корона, од кои само осум во манастирот Свети Павле, а најмалку по еден на Хиландер и манастирското село Лакоскит.
Манастирот Свети Павле е ставен во карантин а еден свештеник во критична состојба пренесен е во болница во Солун, пренесуваат медиумите.
На Атос е пратен тим на Националната организација за јавно здравје за да утврди како вирусот е раширен.
На почетокот вратите на Света Гора беа затворени за посетителите, но подоцна мерките беа ублажени и на посетителите им беше дозволено да дојдат во манастирите со мерење на температура, а свештениците можеа да доаѓаат и заминуваат од островот.
Иако свештениците беа предупредени да ги пичитуваат мерките, многу од нив тоа не го правеле, особено за време на верските собири и церемонии.
политика.рс