Денес почнува судскиот просес против браќата Усеини – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 8:46 AM

Денес почнува судскиот просес против браќата Усеини

Во Основниот суд Охрид денеска со почеток во 10 часот треба да се одржи првото рочиште по предметот кој се води против бизнисменот и советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини.

Браќата Усеини се бранат од слобода со гаранција во вредност од 850.000 евра.

Обвинението ги товари браќата Усеини само за кривично дело „насилство“, иако во случајот се водеше истрага и за недозволено поседување оружје.

Обвинетите се сомничат дека на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, извршиле грубо насилство врз охриѓанецот Спирко Топалоски.