Паровите се’ помалку се бакнуваат: „Виновници“ за тоа се три фактори – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 9:59 PM

Паровите се’ помалку се бакнуваат: „Виновници“ за тоа се три фактори

За многу брачни парови романтичната љубов веќе не е приоритет, бидејќи страста постепено исчезнува. Преубаво е да ги гледате паровие кои уживаат во своето бакнување со страст занемарувајќи ги оние околу нив. За жал, некои од љубовниците кои се заедно повеќе од две или три години го избегнуваат францускиот бакнеж и го заменуваат со мали бакнежи. Зошто се случува тоа? Зошто луѓето престануваат да се бакнуваат на познатиот француски начин, особено откако ќе стапат во брак?

Премногу се зафатени

Брачниот живот може да го направи секојдневието многу брзо. Со текот на времето паровите не сакаат да се замараат со француско бакнување, бидејќи имаат брз начин на живот и често се уморни. Исто така, може да мислат дека врската е доволно цврста, па сметаат дека во неа не мора да вложуваат толку како порано. Тие рационализираат дека француското бакнување одзема многу повеќе енергија од обичниот бакнеж на образ или површното бакнување на усните. Некои од нив веќе не се ни сеќаваат колку францускиот бакнеж може да ја разбуди страсната енергија и да ги одведе кон подлабока поврзаност.

Чувствуваат дека партнерот ги игнорира

Втората причина е тоа што можеби еден од вас или пак двајцата, чувствувате дека сте на ниво што ви ја гуши енергијата. Жената е особено чувствителна поради тоа што партнерот веќе не ја гледа со исти очи. На почетокот од врската паровите многу почесто се бакнуваат страсно и уживаат во длабоки прегратки. Францускиот бакнеж често му претходи на сексот, но ако влезете во рутина страста може да почне да се смирува.

Не можат да го изразат она што го сакаат

Исто така, една од причините поради кои паровите престануваат со француското бакнување е тоа што еден од нив, или двајцата, чувствуваат дека се несфатени и немаат комуникациски вештини за да ги изразат своите потреби и желби. Страста не може да пројде низ вашите вени доколку не постои целосна слобода благдарение на којашто ќе се изразите себе. Потребн е да имате онаква слобода каква што сте си дале еден на друг кога сте се запознале.  На почетокот романтичното поврзување е едноставно, но подоцна кога животот станува посложен, важно е да одвоите време за комуникација и изразување на сопствените желби.

 

Извор:     espreso.rs