Алтернативна употреба на омекнувачот: Што се’ може да направите со него за почист дом? – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 9:25 PM

Алтернативна употреба на омекнувачот: Што се’ може да направите со него за почист дом?

Омекнувачот за алишта има широка примена. Тој може да биде користен во домаќинството на повеќе начини – за отстранување дамки, отстранувње стари тапети, освежување на просторот и така натаму.

Како освежувач на простор

Многу е едноставно. Во шише со распрскувач ставете омекнувач и вода во размер 1:3. Протресете и со оваа „смеса“ испрскајте ги завесите, креветот, тепихот или пак, внатрешноста на автомобилот. Мирисот ќе биде прекрасен и долготраен.

За помалку прашина

Неколку капки омекнувач ставете на крпа за бришење прашина и пребришете ги површините и предметите во домот. Тоа делува на статичкиот електрицитет, а со тоа го спречува собирањето прашина. Исто така, на овој начин дополнително ќе придонесете за мирис на свежина во домот.

За полирање на мебелот

Направете средство за полирање така што ќе измешате омекнувач со вода во размер 1:4 (на пример една чаша омекнувач и четири вода). Мешавината претурете ја во шише со распрскувач, испрскајте по површината и пребришете со сува крпа. Оваа комбинација е соодветна и за стаклени површини, како и за туш кабини.

Ослободување од старите тапети

Во некој сад измешајте полно капаче омекнувач и четири чаши топла вода, а потоа со сунѓер нанесете на тапетите. Мешавината нанесете ја на дел од тапетите па излупете додека се уште е мокра.

Ги омекнува четките

Откако сте ги употребиле, четките за сликање измијте ги со вода во која сте ставиле неколку капки омекнувач. Исушете ги добро и тие ќе бидат меки се’ до следната употреба.

За полесно чистење на тенџерињата

Тенџерето кое не можете да го измиете со обично средство за садови, измијте го со помош на омекнувач. Наполнете го со вода и додадете неколку капки омекнувач. Оставете да отстои околу еден час и потоа со леснотија ќе ги oтстраните нечистотиите.

 

Извор:   zenskikutak.rs