Кармата е будистичко верување според кое целата судбина во сегашноста на еден човек претставува последица на неговите постапки во животот претходно. Дали ќе ни биде добро или не во иднина, зависи од напорите што сме ги вложиле во сегашноста за да правиме добри дела. Кон секој човек постапувајте така како што би сакале другиот да постапуваат со вас. На тој начин ќе го посеете семето на добрината и богатата жетва нема да ве одмине.
Следните реченици нека бидат ваша амајлија:
Оној што им штети на другите, си прави зло на себе.
Оној кој им помага на другите, си прави добро на себе.
Онј што им нанесува болка на останатите, си нанесува зло на себе.
Оној што им помага на другите, си помага себеси. Нека исчезнат вашите заблуди и вие ќе стапнете на праведниот пат.
Л.Н.Толстој
Извор: uspesnazena.com