Оружје и муниција пронајдени во куќа во Скопје, приведено е едно лице. – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 4:35 PM

Оружје и муниција пронајдени во куќа во Скопје, приведено е едно лице.

Оружје и муниција биле пронајдени во куќа во Скопје.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против А. Љ. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 5 септември полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две празни рамки за пиштол, рамка за пиштол со пет куршуми од 9 мм, маневарски куршум за автоматска пушка, балистички елек со заштитна плоча, гумена палка и др.