На сагата на Луис Суарез со Барселона конечно ѝ се гледа крајот, откако Уругваецот ги договори лините услови со Атлетико Мадрид и како слободен играч летово ќе замине во екипата на Чоло Симеоне.
Доаѓањето на поранешниот напаѓач на Ајакс и Ливерпул, ќе значи и уште едно враќање во Италија на Алваро Мората. Јувентус и тренерот Пирло, кој заедно со Мората во играчките професионални денови го носеше црно-белиот дрес, е во потрага во шпиц, а бидејќи преговорите со Еден Џеко засега се во застој, вниманието сега е свртено кон шпанскиот фудбалер.
Јувентус првично ќе му исплати на Атлетико 10 милиони евра за позајмица на Мората, додека следната година ќе може да го откупи некогашниот напаѓач на Челзи за 45 милиони евра.
Застојот во трансферот на Џеко во Торино е поради проблемите со преминувањето на Милик во Рома.