Велика Британија на големо се соочува со втор бран на новиот коронавирус, а најцрното сценарио предвидува и по 50.000 нови случаи дневно, за неколку недели. Ова денеска го соопшти главниот советник за наука во британската влада.
Засега британија има околу 70.000 потврдени случаи на коронавирус и според студиите дневно заболуваат околу 6000 луѓе.
Се уште не е одлучено каде и какви рестрикции ќе се донесат.
Сепак како што пишува „Би-Би-Си“, владата засега не размислува за целосно затварање на земјата, ниту пак затварање на училиштата или на „неесенцијалните“ бизниси.
Рестрикции најверојатно ќе има во угостителскиот сектор.