Украден мртовец од Струмичката болница – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 1:50 PM

Украден мртовец од Струмичката болница

Драма утрово на инфективно во Струмица каде поголема група насилнички влегле во амбулантата и со сила го зеле пациентот кој починал. Го зеле со се кревет а надвор ги чекало комбе со кое било транспортирано до својот дом. Инцидентот се случил околу 9 часот. На амбуланатата бил донесен оти имал зголемен крвен притисок и отежнато дишење вели директорот на болницата Наќе Гогов
,,Пациентот бил хронично болен . Имал потешкотии во дишењето, зголемен крвен притисок, дијабет. И после давањето на терапијата во присуство на сопругата и ќерката лицето починало по што за некој минута дошла поголема група која насилнички влегла на амбулантата и со се кревет го зеле починатиот пациент надвор од сите протоколи. Паралелно упатувале пцовки и закани кон вработените на ифнективното,, вели Гогов кој кажа дека на амбулантата на пациентот не му бил земен ковид брис бидејки само што бил примен.

Како директор најави пријава кон сторителите со оглед дека биле вознемирани и загрозени на работното место и побара да се прекинат сите омаловажувања на здравствените работници .