Бектеши: Четвртиот сет мерки ќе биде објавен до крајот на неделава – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 12:26 PM

Бектеши: Четвртиот сет мерки ќе биде објавен до крајот на неделава

Очекувам до крајот на неделава да биде готов четвртиот сет мерки за помош на граѓаните и стопанството. Со новиот сет мерки ќе бидат таргетирани најпогодените сектори, но и граѓаните кои имаат најмногу потреба со цел за заеднички да ја пребродиме корона кризата, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„ Како што најави и премиерот Зоран Заев ние веќе имавме неколку состаноци, а одржавме и економски совет. Денеска продолжуваме со состаноците на кои ги правиме сите проекции. Веќе се добиени сите барања од стопанските комори и моментално се прават последните анализи. Како институција ги пративме и нашите предлози имајќи предвид дека имавме повеќе состоноци со стопанските комори и очекувам дека во текот на неделава ќе излеземе со четвртиот сет економски мерки со цел да им помогнеме на граѓаните, но истовремено и на стопанството“, одговори Бектеши  на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со директорот на ТАВ Алпер Ерсој.