Попладнево на Клиниката за Токсикологија бил физички нападнат дежурниот лекар, кој со повреди на главата бил пренесен во Ургентниот Центар.
Како што ни потврди директорот на Клиниката за токсикологија, Нагип Зумбери, причината за нападот била банална. Напаѓачот дошол со своето малолетно дете на Клиниката и кога дежурниот лекар само му кажал дека треба да го однесе детето на Педијатрија каде што исто така има токсиколог, тој почнал да го удира.
Лекарот потоа е однесен на Ургентиот центар каде што се утврдени повреди – расекотини на главата и површен хематом, по што е пуштен дома. Случајот е пријавен во полиција и се очекува тие да дејствуваат против напаѓачот.
Извор: telma.com.mk