Њујорк Тајмс: Кананѓанка му испратила отров на Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/20 7:04 PM

Њујорк Тајмс: Кананѓанка му испратила отров на Трамп

Писмото испратено до адресата на Белата куќа содржеше отров рицин, чие присуство беше потврдено со тестови од Федералното биро за истраги (ФБИ), а истражителите сметаат дека е испратено од Канада, објавија западните медиуми, повикувајќи се на американски официјални лица и извори на ФБИ.

Тајната служба и ФБИ испитуваат од каде е пратката и дали другите пратки биле испратени преку американскиот поштенски систем, а Си-Ен-Ен известува, повикувајќи се на извор од ФБИ, дека „во овој момент нема закана за јавната безбедност“.

Неименуван службеник за Њујорк Тајмс изјави дека истражителите веруваат дека пратката е испратена од Канада, додека извештаите потврдуваат дека ФБИ регистрирало присуство на рицин, пренесува Би-Би-Си.

Американските власти пресретнаа пратка до Белата куќа во саботата со смртоносната супстанца рицин, се чини дека писмото упатено до претседателот Доналд Трамп е испратено од Канада, а официјалните лица ја идентификуваа жената како осомничена, според извештајот на Њујорк Тајмс, без повеќе детали за идентитетот на испраќачот.

Слични пратки биле испратени до агенциите за спроведување на законот во Тексас, пренесоа американските медиуми.

Преземено од: http://rs.n1info.com/