Откриен нов тунел за криумчарење мигранти на границата помеѓу Србија и Унгарија – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/20 1:50 PM

Откриен нов тунел за криумчарење мигранти на границата помеѓу Србија и Унгарија

Унгарската полиција откри нов тунел за криумчарење мигранти под заштитна ограда на границата со Србија, на територијата на населбата Чикерија, објави Српската радиотелевизија.

Според унгарската полиција, тунелот е обезбеден и наскоро ќе биде потрупан. Ова е петти случај во изминатата година кога унгарските погранични власти откриваат подземни премини под оградата на унгарско-српската граница, кои ги ископале шверцери со мигранти.

Во саботата унгарската полиција уапси и депортираше 110 мигранти, пронајдени без документи на територијата на таа земја или во обид илегално да ја преминат границата, а повеќето од нив се Авганистанци, Сиријци и Пакистанци.

Преземено од: http://rs.n1info.com/