Ако готвите со љубов, секој рецепт ќе успее- Мартина создаде свој шарен вкусен свет – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 8:00 AM

Ако готвите со љубов, секој рецепт ќе успее- Мартина создаде свој шарен вкусен свет

„Добредојдовте во шарениот вкусен свет“ вака Мартина Трајаноска ќе ве покани во нејзиниот вирутелен свет, односно профил на Инстаграм каде може да ги дознаете највкусните и брзи рецепти и како да подготвите појадок, ужина, ручек или пак вечера.

Нејзниот Инстаграм профил е Martinascooking и претставува вистинска уметност подготвена од прехрамбени продукти. Вештите раце на Мартина ќе ве натераат да се пробате и по часови кулинарство во вашата кујна, и на крајот задоволни да го фотнете финалниот производ како што тоа и успева на оваа девојка.

Мартина има 20 години и е студент на Технолошко металуршки факултет, на смерот Прехрамбена технологија и биотехнологија, и не случајно е толку добра во она што и е професионална определба и задоволство.

ММС: Мартина најпрво од каде идејата за вкусните рецепти да ги сместиш во виртуелна форма?

Мартина: Љубовта кон готвењето и кујната ја имам од многу мала. Од играње и правење колачи од кал како девојче, до врткање низ кујна кога мајка ми и баба ми спремале нешто. Самото создавање на нови, интересни вкусови и рецепти со текот на годините, дојдов до идеја да ги споделам и сликам на едно место. Профилот го отворив за поблискиот круг на пријатели, а ова денес не го очекував. Но среќна сум како целата оваа приказна оди понатаму, а уште по среќна затоа што на некој начин помагам некому.

https://www.instagram.com/p/CFPImEWsML5/

ММС: Верувам дека ти е задоволство. Тоа е очигледно по твоите постови, но има ли заработка од овој начин на саморекламирање?

Мартина: Задоволството е огромно. Љубовта во ова е најбитна. Едноставно ова ме исполнува, релаксира и уживам во ова што го правам. А заработка? Па да, можеби не голема но има. Сето ова да е некаде во странство би било сосем друга приказна, но тоа е што е.

https://www.instagram.com/p/CFM83G2M6vt/

ММС: Може и слободно да те наречам инфлуенсерка, колку често те бараат за да изрекламираш некој производ?

Мартина: Многу често. И сите со кои до сега сум контактирала знаат дека јас сум човек кој сака да помогне и секогаш го велам истото…Доколку не сме ние самите да си помогнеме, нема кој друг. Секако дека прво разгледувам за што и како станува збор.

https://www.instagram.com/p/CFEr0Qzs4FU/

ММС: Што ти е најчесто инспирација за да создадеш вакава уметност?

Мартина: Најголема инспирација ми се најпрво сите мои инста пријатели. Контактирам со многумина кои готват и ги прават моите рецепти и тоа е тоа што ми дава најголема мотивација. Луѓе кои прв пат влегуваат во кујна, а потоа им станува интересно и гледаат дека тука нема ништо комплицирано и тешко. Малку љубов и се е возможно! А тоа што имам многу нови пријателства, ме прави уште по среќна и исполнета.

https://www.instagram.com/p/CE4WmU4Mm6U/

ММС: Помеѓу рецептите има ли некои од твојата баба, или некој кој е традиционален во твоето семејство?

Мартина: Да, да, да. Рецептите од баба се секогаш тука. Некогаш целосно исти како нејзините, некогаш изменети. Среќата на моите баби кога споделувам нивни рецепти е незаменлива.

https://www.instagram.com/p/CEq_RUlsVPf/

ММС: Каква кујна најмногу сакаш да готвиш?

Мартина: Можеби немам некоја одредена која сакам постојано да ја готвам, готвам од она што имам дома во моментот. Секогаш гледам рецептите да се едноставни за правење и со што е можно по едноставни и достапни состојки.

https://www.instagram.com/p/CERJv08H3Fk/

ММС: Солено или благо?

Мартина: Без благо не можам, ама солено е она што би избрала ако морам да бирам.

https://www.instagram.com/p/CEBijvqHvp3/

ММС: Секогаш ли ти успеваат рецептите?

Мартина: Можеби не оние кои првично сум ги замислила, ама секогаш излегува нешто ново. Доколку готвам по некој одреден рецепт тоа знае да не успее, па затоа секогаш си смислувам нешто мое.

https://www.instagram.com/p/CDimATLny9t/

ММС: Имало ли ситуација да почнеш да готвиш нешто, тоа не успеало, па си се преориентирала кон нешто друго и за среќа тоа успешно излегло?

Мартина: Оо да. Тоа се случува доста често.

ММС: Омилено јадење?

Мартина: Млечни производи ми се фаворит, па се што е зготвено со нив. А исто така обожавам и пасти и тестенини.

https://www.instagram.com/p/CEMpk_dna-0/

ММС: Каков десерт би ни препорачала?

Мартина: За мене се што е чоколадно ми е омилено, а имам рецепти за неколку чоколадни торти. Мора да ги пробате!

https://www.instagram.com/p/CBdXL5bnsdM/

ММС: Совет за сите оние кои не се толку искусни во кулинарството, што би ги посоветувала?

Мартина: Почнете со љубов. Кај мене на профил скоро сите рецепти се едноставни и со неколку состојки кои лесно може да се приготват. Додадете малку љубов и внимание и не може да не успее. А секогаш сум отворена за муабет, совети и прашања, така да доколку некој има потреба јас сум секогаш тука да помогнам.