Игор Димовски последниот македонец што го преплива Ла Манш, севкупен победник на Националното триатлон првенство 2020 – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/20 10:46 AM

Игор Димовски последниот македонец што го преплива Ла Манш, севкупен победник на Националното триатлон првенство 2020

Денеска во Дојран се одржува Националното триатлон првенство 2020 – пливање, возење велосипед и трчање, а во 2005 година за последен пат во Дојран , се одржа Балканско триатлон првенство.


На денешниот триатлон учествуваа вкупно 80 натпреварувачи, во 12 категории на сите возрасти.

Севкупен победник е Игор Димовски, последниот македонец што го преплива Ла Манш.


Настанот е во организација на Општина Дојран и Триатлон федерацијата.

Организаторите пред почетокот на настанот ги повикуваа сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

„Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите кои ќе бидат поставени за таа цел“, апелираат организаторите.