„Протест за чист воздух, за живот, за стоп Русино“ во вторник пред Општина Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/20 9:36 AM

„Протест за чист воздух, за живот, за стоп Русино“ во вторник пред Општина Гостивар

Гостиварци не задоволни од изјавата на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини дека во следните 10 години Русино ќе остане депонија за отпадот од полошко, невладините организации и граѓански иницијативни се погласно го креваат гласот против ваквата изјава.

На социјалните мрежи се закажа протест за во вторник на 22 ри септември кој ќе започне во 17 часот пред објектот на Општина Гостивар.

Под мотото „Протест за чист воздух, за живот, за стоп Русино“, гостиварци сакаат да бидат гласни и слушнати за своите барања од надлежните, а кои се однесуваат на итна постапка за нова локација и рок за затворање и санација на депонијата.

„Русино е транзициска депонија, планот беше да може да се користи до 10 години максимално, меѓутоа идејата е да не постои. Нашата идеја е да имаме нула отпад, меѓутоа не постои нешто како нула отпад“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на неговата последна прес конференција на која го претстави 4 годишниот план на министертсвото.

Тој вели дека депонијата Русино е од големо значење за полошкиот регион затоа што како што вели Нуредини, ќе мора да се исфрла отпадот во тој регион во наредниот период.

„Доколку го затвориме Русино каде ќе го исфрлаат отпадот сите тие жители кои што живеат во тој регион.  Во однос на депониите идејата е да се намали бројот на депониите и количината која што се отфрла како отпад во истите. Идејата е да се воведе циркуларна економија, рециклирање на отпадот, тоа е иднината“, изјави Нуредини.

За полошкиот регион, министерот потеницраше дека имаат соработка со шведскиот секретаријат ИСЕКА тие обезбедија средства во висина од 9,6 милиони евра. Сите студии се веќе завршени за Русино и тоа со декади наназад.

„Швајцарците веќе обезбедија 1,9 милиони евра за проектот за Русино, планот е ревидиран уште еднаш и веруваме дека е извонреден, овие средства би требало да обезбедат да се изгради патот до Русино, да се постават мерните станици, да се постави прочистителна станица, па и еден објект каде што ќе бидат сместени човечките ресурси кои што ќе работат на самата локација. Тие ни ветија дека доколку ги исполниме овие услови  и ги завршиме работите навремено ќе ни обезбедат 6 до 7 милиони франци средсва како помош за понатамошно доразвивање на системот за менаџирање со отпади во полошкиот регион“, изјави Нуредини.

Проблемот со Русино, министерот Нуредини го гледа во локалната власт , за како што вели дека се уште не го поминале инфраструктурниот план за да почне надлежното министерство со неговата работа.

„Сфаќам дека граѓаните се загрижени, но секако имаме потреба од локалната власт да ги помине овие инфраструктурни планови за да ние можеме да продолжиме со нашите обврски. Сакам уште еднаш една работа да ја потенцирам бидејќи ова многу често се збори во медиумите. Ние како Влада во ниеден случај не сме навлегле во компентециите на локалната власт во однос на менаџирање на отпади и итн. Постои одлука на Владата од 2018 година, дека Владата ќе биде во можност да ги преземе компетенциите за менаџирање на отад во случај доколку самата  локална самоуправа не е во можност да го врши тоа“, изјави Нуредини.

Вели во целиот свет се уште не е најдено конкретно решение за да се отстранат депониите целосно, меѓутоа добро е да се планира со тоа што ќе може да се искористат тие отпади, да се рециклираат.