Испратен пакет со отров до Белата Куќа наменет за Донал Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/20 8:59 AM

Испратен пакет со отров до Белата Куќа наменет за Донал Трамп

Пакет што содржел отров рицин бил испратен до претседателот Доналд Трамп, а полицијата го пресретнала претходно оваа недела, пред да биде доставен до Белата куќа. Направени се два теста за да се потврди присуството на рицин, пренесува CNN.

Целата пошта за Белата куќа е подредена и прегледана надвор од објектот пред да пристигне во Белата куќа, а Федералното биро за истраги (ФБИ) и Тајната служба го испитуваат инцидентот.

Рицин е високо токсично соединение извлечено од рицинусово зрно кое се користи во терористички заговори.

Може да се користи во форма на прав, гас или киселина.

Ако се проголта, тоа предизвикува гадење, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, проследено со откажување на црниот дроб, слезината и бубрезите и смрт како резултат на колапс на циркулаторниот систем.

Белата куќа сè уште не ги коментирала наводите.

Преземено од: https://www.vijesti.me/