Македонија подобра од Вардар во Ѓорче, Работнички и Струга ремизираа – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/20 6:09 PM

Македонија подобра од Вардар во Ѓорче, Работнички и Струга ремизираа

Во она што некогаш беше македонско дерби, Вардар успеа да издвои победа над конкурентот за врвот Шкупи, но денес вардарци во Ѓорче не успеаа да продолжат со добрата игра и да забележат уште три бода на свое конто.

Тимот на Александар Васоски не можеше да се справи со напаѓачот од Гана, Абдул Басит Калид, кој постигна два погодоци и го реши натпреварот. Уште во втората минута Калид го отвори резултатот, Стефан Лазаревиќ десет минути подоцна го изедначи, а Калид при крајот на првото полувреме го врати водството на домаќините.

Второто полувреме се играше со далеку побавно темпо, со многу прекршоци и тактички надмудрувања. Македонија се искачи на четвртата позиција на табелата, имајќи меч повеќе од Шкупи, Силекс и Шкендија,

Во вториот дуел денес од шестото коло, Работнички и Струга Трим и Лум изиграа без победик. Возбудувања беа видени при крајот на мечот кога Дејан Цветаноски постигна гол за 0:1. Радоста на гостите не траеше долго, бидејќи Милош Тошески во 86 минута го изедначи двобојот.

На утрешната програма од ПМФЛ ќе се најдат и натпреварите: Беласица-Пелистер, Шкендија-Академија Пандев, Шкупи-Ренова и Силекс-Борец.