Сините од Лондон се чини дека конечно се пред прагот на ангажирање нов чувар на мрежата, откако најскапиот голман во историјата на играта, Кепа Аризабалага, не ги оправда очекувањата во изминатите две сезони.
Високиот голман на француски Рен, Едуар Менди, пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ за 18.2 милиони фунти. Менди лани од Реимс замина за Рен и веднаш остави импакт врз играта на Рен кој заврши трет во француската лига и се квалификуваше за Лигата на Шампионите.
Добрите игри во Франција му оставија силен впечаток на спортскиот директор на Челзи, Петр Чех, како голман кој професионалната кариера во европските топ лиги ја започна токму така.
Менди, не само што ќе му биде конкуренција на Кепа, туку според многумина ќе му го заземе местото во првиот тиm. Покрај нив двајца, Челзи на голманската позиција го има и аргентинскиот ветеран, Вили Кабалеро.
Сенегалецот ќе биде седмото засилување на Челзи летово. Тимо Вернер, Хаким Зијеш, Бен Чилвел, Маланг Сар, Тиаго Силва, Каи Хаверц, веќе се најдоа во плановите на менаџерот Френк Лампард.