Утре во рамки на 19-от Меѓународен фестивал на европски филм – CINEDAYS, во дворот на Домот на културата во Кисела Вода, во Расадник, на големо платно за децата, бесплатно ќе се емитуваат три детски филмови, од кои два цртани и еден игран филм. Со почеток од 11:00 часот е цртаниот филм Момчето фантом, а од 13:00 часот е Неверојатна приказна на џиновската крушка.
Најпознатиот игран филм Пинокио ќе започне во 19:00 часот.
Меѓународниот фестивал се одржува со поддршка од Министерството за култура, Агенцијата за филм и Градот Скопје.