(Видео) Како изгледа познатиот музеј на АББА во Шведска – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/20 10:03 AM

(Видео) Како изгледа познатиот музеј на АББА во Шведска

 

Ако случајно престојувате во Стокхолм, можете да го посетите и музејот на легендарната група АББА во главниот град на Шведска. Основана е релативно неодамна, во 2013 година, и таму може да видите разни работи поврзани со познатиот бенд составен од Агнета Фелтски, Ана Фрид Лингштад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон.

Самиот музеј има неколку делови, како што е реплика на познатото студио Полар, каде што беа создадени најголемите хитови на АББА. Постојат и костуми што ги носеле членовите на овој состав, плочи, како и реплика на клавирот на Бени кој свири сам (вистинското пијано е кај Андерсон дома). Покрај тоа, во музејот беше направена реплика на Фолк паркот, каде што за прв пат се состанаа членовите на групата АББА.

Постои дел наречен „Ватерло“, а тој е посветен на победата на познатата шведска група на „Евровизија“ во 1974 година.

Инаку, музејот на групата АББА е инспириран од музејот на групата „Битлси“ во Ливерпул.

Извор: telegraf.rs